Мени

Перо Антиќ блиску до Олимпијакос?

20.09.2011 11:21 | KumanovoNews

Нашиот најдобар одбранбен играч и капитен на македонската репрезентација Перо Антиќ највеорјатно ќе стане нов член на грчкот Олимпијакос.

Перо Антиќ блиску до Олимпијакос?

Црвено - бела е бојата што ја сакам - е одговорот на Антиќ.

Одличните партии на нашиот репрезентативец останаа забележани од скаутите на големите клубови. Најпрвин беше поврзуван со шпанскиот Каха Лаборал, а сега најблиску е до Олимпијакос.

Со задоволство би отишол доколку ме сакаат. Тоа е голем тим, со голема историја и би се борел за тој дрес. Црвено - бела е бојата што ја сакам. Чест ми е доколку Олимпијакос е заинтересиран за мене - изјави Антиќ.

Тој на првнеството имаше просек од 11,6 поени, 8,5 скока и 1,9 асистенции.

Кариерата ја започна во Работнички, потоа играше за грчки АЕК, Црвена Звезда, Академик од Софија, Локомотив од Ростов, Локомотив Кубан, повторно во Академик Софија, а последното првенство заврши во Спартак од Санк Петербург.