Мени

Ракометарите го доживејаа и вториот пораз

26.09.2011 11:45 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово лошо ја започнаа новата сеозна во ВИП Супер Машката лига. Во неизвесен натпревар, кумановчани изгубија од РК Борец со резултат 26:29.

Ракометарите го доживејаа и вториот пораз

Ова е втор пораз во втор натпревар на нашите ракометари. Минатото коло загубија од РК Драчево на гостински терен, а оваа коло не успејаа да ја искористат предноста на домашен терен. Натпреварот беше цврст, неизвесен и се играше гол за гол се до десетина минути пред крајот. Тогаш резултатот беше 22:22, по што Борец од Велес почнаа да прават резултатска разлика, и да го постават конечниот резултат 26:29.

Ракометарките на Куманово требаше оваа коло да гостуваат во Гевгелија, но натпреварот на барање на домашниот состав беше одложен.