Реал се исчисти од картони
24.11.2010 13:38
| KumanovoNews
Реал Мадрид вчера успеја да слави со убедливи 4:0 против холандскиот Ајакс. Сепак, дамка на фантастичната атмосфера оставија заработените црвени картони на Алонсо и Рамос.

По се изгледа Жозе Мурињо најде начин како да ги сочува најдобрите поединци „чисти“. Алонсо и Рамос, заработија жолти картони во текот на мечот, а за да бидат сигурни во следната фаза заработија уште по еден кога ненавремено го изведоа слободниот удар. Сега овие два играчи имаат право на настап во Топ 16 фазата.
Според шпанските аналитичари пораката патувала низ неколку етапи. Од Мурињо до Дудек, па од Касиљас до Рамос.