Мени

Роберто Карлос: Нејмар нека дојде во Анжи

11.07.2011 11:42 | KumanovoNews

Бразилскиот ветеран му порачува на талентираниот напаѓач да се тргне од великаните на фудбалот, и да дојде во Русија. Понудата е пратена, се чека одговор.

Роберто Карлос: Нејмар нека дојде во Анжи

Левиот бек на Анжи, Роберто Карлос верува дека сопственикот на клубот ќе ги изедначи понудите на Реал и Барса.

Навистина разговарав со Нејмар околу ова. Зборувавме за проектот Анжи и условите под кои би дошол. Сега чекаме да заврши Копа Америка, и тој да одлучи за својата иднина. Во секој случај рече да се заблагодарам на сопственикот за интересот - изјави Карлос.

Бразилецот е еден од најдобрите бекови на сите времиња, а играше во Реал 11 години.