Мени

Сензација во Германија: Јапонките го освоија СП во фудбал

18.07.2011 10:57 | KumanovoNews

Женската фудбалска репрезентација на Јапонија е нов светски првак. Во драматичното финале во Германија, одиграа 2:2 со фаворизираната екипа на САД, за да после пеналите слават со 3:1 или вкупни 5:3.

Сензација во Германија: Јапонките го освоија СП во фудбал

На Светското првенство за жени, тие дојдоа со минимални шанси, а коефициент во кладилниците за нив беше 34, а на тоа треба да се додаде дека до пред почетокот на овој мундиал имаат забележано само три победи.

Првото изненадување на првенството го направија со победа над екипата на Германија во четвртфинале. Многумина мислеа дека тука завршува авантурата на Јапонија, но потоа беше поразена и Шведска со 3:1.

Финалето пројде во борба за секоја топка, а американките први стигнаа до водство во 69.минута преку Морган. Изедначи Мијама во 81.минута и натпреварот отиде во продолженија.

САД повторно поведе преку Вамбах во 104.минута, а Сава во 107.минута постигна гол за пенали, по кои Јапонија се закити со светското злато.

Шведска е третопласирана репрезентација, одкако во саботата ја победи Франција со 2:1.

  • 2011: Јапонија - САД 2:2, (пенали)3:1
  • 2007: Германија - Бразил 2:0
  • 2003: Германија - Шведска 2:1, (во продолженија)
  • 1999: САД - Кина 0:0, (пенали)5:4
  • 1995: Норвешка - Германија 2:0
  • 1991: САД - Норвешка 2:1