Мени

Силен поттик за РК „Куманово„

04.08.2011 15:04 | KumanovoNews

     Денес во Ракометниот клуб ,,Куманово‘‘ кој се натпреварува во првата супер лига на Македонија и најчесто е при врвот на табелата,има две причини да се слави.

Силен поттик за РК „Куманово„

 Клубот влезе под финансиски ингеренции на Општинскиот сојуз на спортовите, а свои потписи на пристапници ставија и седум нови имиња кои договорија една година верност на дресот на кумановскиот ракометен клуб. На денешната свечена церемонија во спортската сала под покровителство на градоначалникот Зоран Дамјановски е промовирано и новото раководство на РК ,,Куманово‘‘ на чело со новиот претседател на Управниот одбор Мартин Костовски. Новите имиња доаѓаат од повеќе градови во Македонија и веќе се афирмирани имиња на македонскиот ракомет до рангот на младински репрезентативци. Свои пристапници за РК ,,Куманово‘‘ денес потпишаа Ивица Лазаровски и Костадин Петров од Велес, Благојчо Трајковски од Прилеп, Бобан Блажевски од Струга, Стефан Трајковски, Синиша Арсовски и Љубиша Димковски од Куманово.

Се радувам што доаѓам во град во кој се игра добар ракомет, сум слушнал дека во РК ,,Куманово‘‘ владее дугарска атмосфера, ги има сите услови за напредување во ракометната игра, знам дека имате одлична публика во Куманово. Тоа се причините што доаѓам и искрено се надевам дека надежите нема да ми бидат изневерени - изјави за Кумановоњус новопечениот првотимец Бобан Блажевски од Струга.

Задоволство ми е да објавам дека РК ,,Куманово‘‘ од денес врти нова страница во својата клупска историја со изборот на новата управа, составена од млади и амбициозни спортски работници, како и со седумте нови засилувања со кои клубот во наредната натпреваувачка сезона ќе претендира за едно од првите места во македонскиот ракомет - изјави на свечената промоција во Спортската сала градоначалникот Дамјановски, кој воедно за наредните два месеца најави камен темелник за новиот гратски базен и предавање во употреба на нов атлетски полигон за граѓаните.