Стартува боксерката лига на Македонија
24.03.2011 12:47
| KumanovoNews
Боксерите во Македонија ќе ги вкрстат ракавиците во сабота.

Домаќин на првото коло е БК ,,Тернипе,, од Скопје. Боксерскиот клуб од Куманово покрај стандарните боксери репрезентативци јуниорите Николче Митевски и Атхе Мисини и сениорите Ибраим Мустафи и Гордан Антиќ ќе настап уште 5-6 боксери. Боксерскиот клуб „Фајтери„ годинава ја стартува со амбиција да стане државен шампион во екипна конкуренција, Од клубот велат дека имаат доволно квалитетни боксери благодарејќи на напорната работа во изминативе години .