Мени

Стартува Турнирот во кошарка

09.09.2011 08:37 | KumanovoNews

 Во спортската сала во Куманово вечер ќе започне турнир во кошарка на кој учество ќе земат екипи од Македонија и Србија.

Стартува Турнирот во кошарка

Првиот натпревар се игра во 18 часот, помеѓу екипите на Фени индустри  од Скопје и Мега Визура од Белград. Во 20. 30 часот, ќе играат домаќините Куманово со  Борац од Чачак. Полуфиналниот и финалниот натпревар се утре во истите термини. Свеченото отварање е вечерва во 20 часот во спортската сала.

Турнирот го обновуваме по повеќе од 20 години, по повод Денот на независноста на Република Македонија. Куманово беше препознатливо по овој турнир во поранешната држава, но поради познатите прилики во спортот и во кошарката во изминатите две децении, тој згасна. Сега кога создадовме квалитетна екипа, која дава солидни резултати, Куманово станува спортски град и сакаме публиката да ја израдуваме и со едно вакво спортско доживување - вели Виктор Божиновски, претседател на КК Куманово.

Турнирот во кошарка го организира градоначалникот, Сојузот на спортови и КК Куманово. Организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да го посетат овој настан и да уживаат во спорот.