Суарез го одведе Уругвај во финалето на Копа Америка
20.07.2011 10:50
| KumanovoNews
Фудбалерите на Уругвај се први финалисти на Копа Америка одкако во полуфиналето го совладаа Перу со 2:0.
Во четврт-финалето на Купот се случија првите разочарувања од фаворитите, но овој пат Перу не успеја да направи таков подвиг.
Овој пат уругвајците не дозволија такво изненадување, иако Перу без Фарфан и Пизаро беше квалитетен противник кој достојно се бореше со противникот. Луис Суарез беше човекот на одлука кога во 53.и 58.минута ја затресе мрежата на Перу. Проблемите за Уругвај ги снема кога Варгас 20 минути пред крајот доби црвен картон.
Во мечот за трофејот, Уругвај го чека победникот од натпреварот Парагвај - Венецуела.
Уругвај до сега има 14.титули на Копа Америка а последната ја освои 1995 година.