Мени

Теодосиќ ја засили ЦСКА

05.07.2011 11:53 | KumanovoNews

Плејмејкерот на Олимпијакос Милош Теодосиќ ќе се приклучи на Ненад Крстиќ во ЦСКА од Москва.

Теодосиќ ја засили ЦСКА

Вистина е. Во Олимпијакос немаа доволно средства да ме задржат - изјави Теодосиќ.

Обештетувањето за Теодосиќ чинеше 1,3 милиони евра, а српскиот репрезентативец ќе заработува 2,5 милиони евра годишно.

После четири години во Олимпијакос се селам во еден од најголемите европски клубови, кој има подеднакво големи амбиции како и јас. Драго ми е што таму ќе играм со мојот пријател Крстиќ - додаде Теодосиќ.

Според шпекулациите тој требаше да биде дел од тимот на Барселона како замена за Рики Рубио, но на крај заврши во Москва.

Така е тоа во кошарката. Се зборува за еден клуб, потоа доаѓа друг и ја завршувате работата - заклучи Теодосиќ.