Мени

Трофејот од турнирот „Куманово 2011“ во рацете на домаќините

11.09.2011 11:51 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово 2009 во продолжение успејаа да ја победат екипата на Фени Индустри, и да го освојат турнирот „Куманово 2011“. Конечен резултат на натреварот беше 110:108.

Трофејот од турнирот „Куманово 2011“ во рацете на домаќините

Екипата на Фени Индустри имаше водство речиси три четвртини од мечот. Расположените Еванс и Фрај беа нерешлива енигма за одбраната на Куманово, и заедно постигнаа 47 поени. Сепак Куманово не дозволуваше да се зголеми разликата, а одкако третата четвртина заврши со само три поени разлика, сето тоа наговестуваше неизвесна последна четвртина.

Кумановчани до половината на последниот период успејаа да поведат со 76:72. Потоа следуваше шутерско шоу на Самаџиев, Костовски и Јанушевиќ, што резултираше со честа промена на реузлтатот, кој на 5 секунди до крајот изнесуваше 89:92 за Фени Индустри. Новиот миленик на публиката, Марјан Младеновиќ успеја во последниот напад од свртување на постигне тројка која го одведе натпреварот во продолжение.

Екипите и во продолжение понудија ефикасен натпревар, кој заврши со 110:108 за Куманово.

Во натпреварот за трето место, Борац Чачак беше поуспешен од Мега Визура Белград со резултат 71:69.

За најефикасен играч беше прогласен Дејан Микиќ со 22 поени, 7/7 за два поени, 5/7 од слободни фрлања и 6 скока.