Вечерва Шкендија - Партизан
Вечерва во 20:45 ќе се одигра првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. За нас најинтересен дуел ќе биде оној во Белград, каде се среќаваат екипите на Партизан и македонскиот претставник Шкендија од Тетово.
Македонскиот шампион одпатува директно во Белград по летните подготовки во Австрија. Партизан најави триумф по двомечот со Шкендија, што е додадтен мотив за Тетовчани.
Големо внимание од медиумите доби овој натпревар одкако федерациите, клубовите и УЕФА забранија доаѓање на гостински навивачи на двата натпревари. Сепак, според медиумите во Белград, навивачите на двата клуба преку тајни канали ќе се обидат да обезбедат карти за гостинските навивачи, за подобра атмосфера на натпреварот.
Натпреварот ќе биде пренесуван на Алсат и РТС1.