Весели повторно во Партизан?
13.07.2011 11:57
| KumanovoNews
Поради престојниот Лок-аут, богатите европски клубови се спремни да доведат некои од ѕвездите на НБА лигата. Бешикташ го сака Коби Брајант, Макаби е заинтересиран за Амари Стадемаер а навивачите на Партизан би биле пресреќни кога би во виделе летечкиот Чех во црно-белиот дрес.
Спортскиот директор Драган Тодориќ за српските медиуми изјави дека Весели ќе тренера со екипата на Партизан додека трае лок-аутот.
Одлуката ќе ја донесат Весели и неговиот менаџер. Договорот со Вашингтон сеуште не е подпишан, а играњето во Партизан би претставувал голем ризик поради повреда. Се знае какви последици носи тоа - изјави Тодоровиќ.