Мени

Виљас-Боаш дванаесети играч на Челзи?

14.07.2011 12:15 | KumanovoNews

Контролниот меч на Челзи против Викомбо беше затворен за јавноста, но некои извори го опишаа однесувањето на новиот тренер.

Виљас-Боаш дванаесети играч на Челзи?

Андре Виљас-Боаш ќе биде доста активен покрај клупата кога ќе започнат првенствата.

„Новиот Мурињо“ вчера ја забележа првата победа против Викомба со 3:0.

Некои извори го открија однесувањето на 33-годишниот тренер.

Виљас-Боаш беше како 12.играч на Челзи. Поголемиот дел од натпреварот беше на нозе, и им даваше на играчите подршка и инструкции. Ако забележеше дека некој е сам, веднаш ќе кажеше да му ја додадат топката. Фудбалерите ги почитуваа неговите наредби - изјавил неименуваниот извор.