Вршани убедливи против Куманово 2009
Кошаркарите на Хемофарм - Вршац остварија убедлива победа против екипата на Куманово 2009. Конечен резултат на натпреварот беше 92:77.
Најефинасни поединци на натпреварот беа Борис Савовиќ и Младен Јеремиќ со 16 поени, а во Куманово Милан Јанушевиќ постигна 20 поени, пренесува клубскиот сајт.
Тренерот на „фармацевтите“ константно диктирал високо темпо на игра, и полу-пресинг во текот на целиот натпревар, па победникот бил познат веќе по првото полувреме. Домаќините веќе кон крајот на натпреварот попуштиле, но разликата на семафорот останала двоцифрена.
Хемофарм СТАДА - Куманово 92:77 (26:10, 29:26, 18:22, 19:19).
ХЕМОФАРМ СТАДА: Дангубиќ, Ламбиќ 2, Крстиќ 5, Оташевиц 6, Шутало 10, Милошевиќ 3, Савовиќ 16 (7ск), Јеремиќ 16 (5ас), Петровиќ 6, Гагиќ 7, Мараш 12 (7ск), Митровиќ 9.
КУМАНОВО: Јањушевиќ 20, Тодоровиќ, Калов 8, Костовски 16 (5ск), Маневиќ 4, Јелесијевиќ 1, Младеновиќ 3, Петровски 2, Станимировиќ 9, Нинковиќ, Мициќ, Матиќ 14.