Куманово на местото на Вардар во ракометната Супер - лига Раководството на МРК Вардар одлучило да се повлече од натпреварувањето во Супер - лигата каде на нивно место треба да влезе составот на Куманово.
Партизан - Андерлект Вечерва, фудбалерите на Партизан ќе го одиграат првиот од двата меча против Андерлект за влез во фазата по групи од Европската Лига на Шампиони. Мечот започнува во 20:45 во Белград, на стадионот на Хумска.
Два од два со Украина Кошаркарската репрезентација на Македонија во салата Борис Трајковски успеја да ја издвојува втората победа над репрезентацијата на Украина со резултат 71:55.
Македонија ја победи Босна и Херцеговина Македонската кошаркарска репрезентација ја оствари третата победа во квалификациите за Европското првенство во 2011 година. Вчера беше совладана репрезентацијата на Босна и Херцеговина со резултат 70:56.
Утре стартува англиската Премиер лига Од утре стартува англиската Премиер лига, а дерби на првото коло ќе биде натпреварот Ливерпул - Арсенал кој ќе се одигра во недела.
Озил во трансфер шпекулации Шпанските медиуми веќе го преселија младиот германски репрезентативец Месут Озил во Премиера. Марка, весник близок до Кралскиот клуб, тврди дека германецот со турско потекло ќе ја продолжи кариерата во Реал, но Ел Паис и Спорт објавија дека Озил веќе се договорил со Каталонците.
Почина атлетичарот Јонуз Јонузи На 6 Август во почина најуспешниот кумановски атлетичар Јонуз Јонузи. По краткотрајно боледување тој почина во Оснабруг - Германија, каде живееше подолго од 15 години.
Пораз од Британија, следува Босна Вчера Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Велика Британија по продлженија со резултат 104:96(87:87).
Кумановци го освоиjа Мон Блан Четворица Кумановци, членови на спортско- планинарскиот клуб „Козјак„ на 29 јули во 13.30 часот го освоија Мон Блан, највисок врв во Западна Европа. Марјан Милановски, Виктор Венцовски, Катерина Серафимовска и Ана Стојмановска се првата организирана група планинари од Куманово, кои ја издржаа авантурата висока 4.808 метри.
Валентино Роси преоѓа во Дукати Еден од најдобрите моторциклисти на сите времиња Валентино Роси од наредната сезона ќе вози за Дукати. Конечна потврда се чека од извршниот директор на италијанскиот тим Габриеле Дел Торкио.
Уште еден македонец го преплива Ла Манш Македонскиот маратонец Игор Димовски успеа да го преплива каналот Ла Манш и стана четвртиот пливач од нашава земја, кој успеал да ја мине дистанцата од Довер до Кале.
Кошаркарите со победа на почетокот од квалификациите Македонската кошаркарска репрезентација со победа над Украина, ги започна квалификациите за Европското Првенство. Конечен резултат на натпреварот е 58:71.
Шарапова и Азаренка во финалето на турнирот во Стенфорд Руската тенисерка Марија Шарапова и Белорускинката Викторија Азаренко ќе се сретнат во финалето на WTA турнирот во Стенфорд.
УЕФА најави истрага против Работнички Европската куќа на фудбалот (УЕФА) порачала дека внимателно ќе го разгледа случајот на гостувањето на Ливерпул во Скопје против Работнички, по што фудбалерите на гостинскиот тим биле изложени на расни навреди од трибините.
Kошаркарите подобри од Катар Машката кошаркарска репрезентација победи во вториот меч против селекцијата на Катар. Ова беше последна проверка пред мечот во Киев што ќе се игра на 2. август против селекцијата на Украина.
Ѓоковиќ ќе го доведе Надал во Будва Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ најaви можност за организирање на промотивен меч во Будва со шпанскиот тенисер Рафаел Надал.