Кошаркарите на Куманово во Прва лига Кошаркарите на Куманово по извојуваната победа над КК Милениум влегуваат во Првата македонска лига. До крајот на првенството остануваат уште два натпревари кои нема битно да ја сменат сегашната состојба.
Кошаркарите на гости во Струмица Кошаркарите на Куманово, денеска во 18 часот ќе гостуваат на екипата на КК Милениум во Струмица.
ФК „Победа„ 8 години под суспензија ФИФА и Судот за Арбитража во Лозана, ја казни ФК „Победа„ од Прилеп со 8-годишна суспензија од настап на домашните фудбалски терени. ФФМ, ја казни и тетовска Шкендија одземајќи и 6 бода на второлигашкото конто, откако остана со неподмирени обврски кон тројца свои поранешни фудбалери.
Челзи ќе го продаде Кол? Рускиот милијардер Роман Абрамовиќ, сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, порaчал дека не сака да троши повеќе пари на Џо Кол (28). Причината за ваквата изјава е тоа што англискиот репрезентативец малку играше сезонава, каде Челзи најверојатно ќе го освои шампионскиот трофеј.
Македонија во ватерполо подобра од Словенија Македонската ватерполо репрезентација ја победи репрезентацијата на Словенија со 7:4 и го освоија второто место. Oваа победа им овозможи пласман на ЕП во Хрватска од 29 август до 11 септември годинава
Македонија скокна за пет места на ФИФА-листата Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за пет позиции на најновата ранг-листа на ФИФА и моментно е на 60 место.
Заврши првото училишно првенство во шах На екипно првенство во шах на основните училишта, прво место го освои ОУ „Браќа Миладиновци“, втора беше екипата од ОУ „Магдалена Антова“ а третото место го поделија учениците од ОУ„Кочо Рацин“ и „Битолски конгрес“ од с. Лопате.
Мото-крос во Забел Во општината Старо Нагоричане вчера се одржа Првата трка за првенство на Македонија во мото крос„ЗАБЕЛ 2010„.
Мурињо покажа како против Барселона Фудбалерите на Интер, успејаа да го совладаат актуелниот европски шампион Барселона со резултат 3:1.
Мурињо е најдобар на светот Во пресрет на првиот полуфинален меч од Лигата на Шампионите, се повеќе се подгрева атносферата помеѓу фудбалерите на Интер, кои вечер во Милано ќе ја пречекаат Барселона.
Дел Пиеро оди по стапките на Бекам Иконата на Јувентус Алесандро Дел Пиеро сериозно размислувал да премине во редовите на американскиот Њујорк Ред Булс, објавуваат медиумите.
Торес поради повреда ја заврши сезоната Фудбалерот на Ливрпул и шпанскиот репрезентативец Фернандо Торес, оваа сезона нема среќа. Не само што поради повредата на коленото во нарениoт месец ќе го гледа Ливерпул само од трибините, туку во прашање е доведено и неговото учество на Мондијалот.
Чикаго го победи Бостон Синоќа се одиграа четири натпревари до НБА лигата. Кошаркарите на Чикаго Булс успеаа да го победат Бостон Селтикс со 101:93, но на едно коло пред крајот на регуларниот дел од сезоната, местото во плејофот сеуште не им е загарантирано.
Вујошевиќ има нов помошнок Стручниот штаб на Кошаркарскиот клуб на Партизан од денеска има нов член во својот тим. Миливоје Лазиќ ќе се придружи на асистентите на тренерот Вујошевиќ, Јовановиќ и Глигоријевиќ во стручните подготовки.
Партизан се пласираше на фајнл фор турнирот Екипата на Партизан вчера успеја да ја совлада екипата на Макаби, со што се пласираше на завршницата на Евролигашките натпревари. Со резултат од 76 - 67, белграѓани успејаа да го добијат фаворизираниот Макаби, а вкупната серија ја завршија победувајки со 3:1.
Прогласени победниците на Шаховското првенство Неџмедин Садики го освои пехарот за најдобар шахист на четвртото Шаховско првенство што минатата недела се одржа во Куманово. Второто место му припадна на Зоран Илиќ, трет беше Срѓан Христовски, а четврти Михајло Вучковски, Методија Серафимовски и Петар Спасовски,сите добија парични награди. Награда беше врачена и на најмладиот учесник Коста Јаневски.