35,16 e излезноста во Куманово до 17 часот
19.10.2025 18:26
| KumanovoNews
Во Куманово до 17 часот на гласање за Локалните избори излегле 35,16 од запишаните гласачи.

Во Липково во истиот период 34,81%, а во Старо Нагоричане 52,26 отсто.
До 17 часот излезноста на Локалните избори на ниво на државата е 39,61 проценти.
Во Куманово се гласа на 164 избирачки места, а право на глас имаат 93.889 гласачи.
Во општина Липково има 26.362 гласачи се запишани на 36 места, а во Старо Нагоричане, право на глас имаат 3.011 избирачи кои гласаат на 36 избирачки места.