×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 51 загинат, над 100 повредни во пожарот во дискотеката во Кочани, кажа Тошковски

    16.03.2025 09:34 | KumanovoNews

    Во пожарот во дискотеката во Кочани, загинало 51 лице, а над 100 се повредени.

    51 загинат, над 100 повредни во пожарот во дискотеката во Кочани, кажа Тошковски

    Според министерот за внатрешни работи Тошковски, причина за пожарот го предизвикале пиротехнички средства кои биле користени на концертот.

    „Според првичните информации, како последица на искри од пиротехнички средства кои биле употребени за светлосен ефекти. Искрите го зафатиле таванскиот дел кој бил од лесна запалива материја по што пожарот  брзо се проширил. Според досегашните податоци 51 лице загина, а повеќе од 100 повредени“, рече Панче Тошковски на прес-конференцијата во Кочани.

    Дискотеката работела во куќа населено место, а на прозорците имало решетки. Министерот кажа дека повеќе лица се приведени. 
    Повредените се пренесени на клиниките во Штип и Скопје. На социјалните ,режи родители и роднини бараат информација за децата.
    Во моментот на пожарот во дискотеката имало 1.500 луѓе.

    (Фото: ТВ Кочани - принтскрин)