Адвокатската заедница во Куманово избра ново раководство
03.03.2026 10:16
| KumanovoNews
Адвокатот Марко Илиевски е избран за претседател на Адвокатската заедница Куманово на собранието што се одржа минатата недела во големата сала во зградата на „Комитет“ во Куманово.
„Благодарност до колегите за изборот и укажаната доверба. Колку што е голема честа, за мене лично уште поголема е одговорноста и обврската достојно да ги претставувам адвокатите и заеднички да ги решаваме сите предизвици – и во адвокатурата и во општественото делување воопшто“, изјави новоизбраниот претседател Илиевски.
За потпретседатели на Адвокатската заедница се именувани адвокатите Драгана Илиевска-Тодоровиќ и Александар Симоновски. На состанокот беа избрани и делегати за Собранието на Адвокатската комора на Македонија.