×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Акција на МВР поради сомнежи за криминал со туѓа нега и инвалидски пензии

    23.04.2025 14:22 | KumanovoNews

    Министерството за внатрешни работи (МВР), во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), спроведува опсежна акција на повеќе локации низ Македонија.

    Акција на МВР поради сомнежи за криминал со туѓа нега и инвалидски пензии

    Од МВР велат дека акцијата е поради основано сомнение за сторени кривични дела со кои е предизвикана штета на Фондот за здравствено осигурување.

    „Со оглед на обемот на акцијата, повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, соопштија кусо од МВР.

    Неофицијално, истрагата се однесува на сомневања за долгогодишни незаконски активности поврзани со издавање лажни дијагнози. Се претпоставува дека овие лажни дијагнози биле користени за неосновано аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега, како и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии, со што директно бил оштетен буџетот на Фондот за здравство.