Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во пресрет на новогодишните празници Атанас Петров го објавува својот втор сингл „У теби чувам све“, во соработка со Емел Франца – музика и текст и аранжман на Милан Раѓен.
„Се работи за балада, љубовна песна и се надевам дека секој што ќе ја слушне ќе ужива во неа. „У теби чувам све“ наменета е за сите возрасти. Ја објавувам во овој период, затоа што мислам дека е идеален за љубовна балада, околу новогодишната еуфорија. Песната е на српски јазик, бидејќи ме освои на прво слушање. Секако дека ја сакам и македонската музика и се надевам дека наредната песна ќе биде токму македонска“, вели Петров.
Тој во април го издаде неговиот прв сингл „Сад ме молиш“ во соработка со Емел Франца – композитор и Виолета Михајловска Милиќ – текст. И двете песни имаат свој видеозапис во реализација на Алек Тасевски.
Петров вели дека 2024 година дефинитивно ќе ја заокружи како најуспешна година во неговата кариера.