Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста
26.05.2026 17:31
| KumanovoNews
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на дизелот (Д-Е V) не се менува. Поскапува мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 51,144 денари.
Oд ноќеска максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар)