×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатен скрининг за болести на црн дроб во понеделник во Куманово

    25.07.2025 18:38 | KumanovoNews

    По повод Светски ден за борба против хепатитисот, Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, почнуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

     

    Бесплатен скрининг за болести на црн дроб во понеделник во Куманово

    Националната кампања ќе се реализира во 10 градови во државата.

    Во понеделник, 28 јули, во Скопје на плоштад „Македонија“ од 10 до 13:00 часот и во Куманово на Градскиот плоштад 18:00–20:30 часот,  ќе биде поставена мобилна единица од каде почнува бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб. 

    Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

    СПИСОК НА ГРАДОВИ КАДЕ ЌЕ СЕ ВРШИ БЕСПЛАТЕН СКРИНИНГ

    28 јули | Скопје: 10:00–13:00 / Куманово: 18:00–20:30
    30 јули | Тетово: 10:00–12:30 / Гостивар: 18:00–20:30
    01 август | Струга: 10:00–12:30 / Охрид: 18:00–20:30
    04 август | Битола: 10:00–12:30 / Прилеп: 18:00–20:30
    06 август | Штип: 10:00–12:30 / Гевгелија: 18:00–20:30