Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Медицински сестри од Општата болница и Здравствениот Дом Куманово, утре ќе вршат бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, на Градскиот плоштад во Куманово.
Акцијата е по повод Денот на ослободување на Куманово, во организација на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, а под покровителство на Општина Куманово.
„Во недела, со почеток од 11 часот на плоштадот во Куманово ќе бидат поставени тенди, пред „Тинекс“, каде нашите колешки и колеги бесплатно ќе понудат мерење на крвен притисок и мерење на гликемиски индекс односно шеќер во крвта. Веќе од 14 часот, во кружната сала на зградата на Комитет, нашиот долгогодишен пријател и соработник, проф. д-р Нико Беќароски ќе одржи предавање од областа на превенирање на здравјето преку здравственото воспитување за правилно користење на лекарствата и суплементите“, информира организаторот.