Без струја денеска и утре делови од Куманово и Старо Нагоричане
Денеска и утре без електрична енергија ќе останат потрошувачите на повеќе улици во Кумановско и села во Старо Нагоричане.
Денеска, од 08:00 до 14:30 часот, струја ќе нема на ул. „Милан Лисица“, од 08:30 до 14:30 часот на дел од ул. „Боро Прцан“, а од 08:45 до 14:30 часот на улиците „11 Ноември“, „Трајко Додевски Јовановски“ и во населбата Бедиње. Од 08:25 до 10:30 часот без струја ќе биде селото Кучкарево.
Од 12:00 до 13:30 часот прекин во снабдувањето ќе има кај браната на вештачката акумулација Глажња.
Во вторник, од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат селата: Макреш, Жељувино, Аљинце, Цвиланце, Дренак, Добрача, Канарево и Бајловце.
Од 08:30 до 14:00 часот струја ќе нема на улиците: „Киро Фетак“ (кон пазарот), „Карл Маркс“, дел од „Христијан Тодоровски Карпош“ (кај пазарот) и дел од „Трета МУБ“ (кај бензинската пумпа).