Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Празничната трпеза на членките од Дневниот центар за активно стареење при Општинскиот Црвен крст од Крива Паланка беше прогласена за најубава Богојавленска софра на манифестацијата Водици, организирана од Општина Крива Паланка во соработка со Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – ГастроМак.
На масовната празнична прослава учествуваа здруженија на пензионери и организации на жени од Куманово, Радовиш, Неготино, Ѓорче Петров, Ранковце. Крива Паланка и други градови потоа претставнички од Центарот за дневен престој за активно стареење
Крива Паланка, млади гастрономи, индивидуални домаќинки, како и учениците од угостителско-тристичката насока од СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка, кои ја направија најголемата пивтија.
Покрај наградата за најдобра Богојавленска софра, судиите од „Гастромак“, заедно со претседателката Адријана Алачки, ги одбраа и најубавата, највкусната и најдобро аранжираната трпеза со препознатливите вкусови на традиционалната гастрономија.
„На нашата софра имаше најразновидни специјалитети, почнувајќи од славскиот колач, погачи, зелници, слатки..., па се до главниот специјалитет – пивтии. Тие се направени на познатиот традиционален начин, со варење на пушено месо, говедска коска, собирање на маснотијата, а потоа сервирање во садови и највкусното – дегустирање“, вели Рушка Митовска од Дневниот центар за активно стареење од Крива Паланка.
Бројните гости дегустираа и топла ракија и чаеви, а во хуманитарни цели беа делени пивтии и гравче со кои се сообираа донации по симболични цени. Средствата се наменети за полуматурантите во социјален ризик од Крива Паланка.