×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центарот за култура и Музеј Куманово ги откажаа културните настани за оваа недела

    17.03.2025 14:44 | KumanovoNews

    Во знак на почит кон настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани и на нивните семејства, по препорака од Министерството за култура и туризам, Центар за култура Куманово и Музеј Куманово ги откажаа настаните планиран за оваа недела. 

     

    Центарот за култура и Музеј Куманово ги откажаа културните настани за оваа недела

    Откажана е претставата „Смрт и девојка“ која требеше да се игра на во четврток на 20 март.

    „До крајот на неделата немавме закажано други настани, а за одложената претстава публиката ќе биде информирана кога ќе се игра. Овие два дена се откажани и неколку внатрешни активности, проби и подготовки на различни матични дејности за целосно да ги испочитуваме деновите на молк и жалост за изгубените 59 животи“, истакна директорот Сашо Тодоровски.

    НУ Музеј Куманово подготвувал отворање на изложба на нашиот сограѓанин Мирослав Величковски. Директорката Марија Живачки кажа изложба ќе биде во друг термин.

    „Планиравме отварање на изложба, дел од редовната програма за 2025 година, но се уште не беше најавена во јавноста. Со авторот ќе одредиме друг датум за одржување на неговата самостојна изложба“, изјави Живачки.

    Во денови на жалост се откажуваат сите спортски натпревари и настани, јавни собири, прослави и одбележувања.