Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од вторник до четврток ќе се одржи Првиот стендап фестивал „Четвртак у 9“ во Куманово.
Настанот ќе собере стендап комичари од целата држава кои ќе се претстават со своите најдобри содржини, а ќе се одржи на две локации во Куманово.
„Сите промени, нови почетоци, диети, животни прашања почнуваат од понеделник, но ние почнуваме од вторник на 4-ти јуни во Касапскиот Круг. Иако ова е почеток на ваков фестивал ќе се погрижиме да стане традиција во овој град. „Четвртак у 9“ е терминот во кој колективот „Кабаре Кабает“ ќе ги врати насмевките на кумановци“, велат од Здружението „Арт- Манија“.
Првата вечер ќе се одржи во локалитетот Касапски круг, а ќе ја отворат комаичарите Тино и Атанас, по што следуваат Мирослав Петковиќ и Зоран Донев. Втората и третата вечер ќе се одржат во „Јард“, со Изабела Пан и Надица Петрова, а ќе заврши со настапот на вокално-инструменталниот состав Кабаре Кабает. На затворањето, ќе настапат Бојан Кирковски и Чедомир Митевски. За крај е предвидено изненадување на публиката.
Фестивалот е во организација на здружението Арт-Манија и колективот „Кабаре Кабает“. Финансиски е поддржан од Општина Куманово со 130 илјади денари.