Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На платото пред Центарот за култура, денеска напладне пристигна „Дедо Мраз на мотор“ - хуманитарна акција која традиционално ја организираат членовите на мото клубот „Мечки“ од Куманово.
Моторџиите, како и предходно и оваа година однесоа помош во пакетчиња, електричен шпорет и електричен бокал за топли пијалаци во Дневниот центар за лица со посебни потреби, кај поранешен „Чик“.
„Секогаш донираме она што на штитениците на дневниот центар им е најпотребно и ќе го побараат од нас.Сите подароци кои ги делиме денес се од наши сопствени средства. Немаме намера да застанеме, продолжуваме со хуманитарните акции, но за нивно проширување е потребна и поголема општествена ангажираност, како од институциите така и од граѓаните“, изјави Виктор Михајловски, од Мото клубот Мечки.
Традиционално Дедо Мраз досега 15 години доаѓаше на Градскиот плоштад покрај елката, но поради неповолните временски услови ја сменија локацијата, но сепак учествуваа околу 40-тина припадници на клубот Мечки и нивни пријатели.
На најмалите посетители кои дојдоа да го видат Дедо Мраз им беа поделени подароци и слатки, а се одржа и пригодна програма со учество на учениците од Кочо Рацин, Гимназијата Гоце Делчев и најмалата балетската група на „Скилс фактори“ од Куманово.