×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Девет пожари во текот на вчерашниот ден во кумановско и липковско

    23.07.2025 08:12 | KumanovoNews

    На територијата на општините Куманово и Липково вчера се регистрирани 9 пожари на запалени страништа,  сува трева, ѓубре и нискостеблеста шума.  

    Девет пожари во текот на вчерашниот ден во кумановско и липковско

    Почнувајќи од 9 часот па до 02.30 часот по полноќ, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово со сите расположиви капацитети повеќе од 17 часа се бореле со огнената стихија на отворено.

    Пожари се регистрирани во селата Речица од 08:55 до 09:40 часот, Романовце од 15:30 до 17:30 часот, Речица-кај свињарска фарма од 16:50 до 18:30 часот,  Ваксинце од 11:50 до 02:00 часот,  Романовце 22:40 до 23:45 часот, Љубодраг 21:40 до 23:30 часот и Речица од 01:45 до 02:30 часот.

    Во градот бил предизвикан пожар на Градските гробишта од 12:00 до 00:35  и во Средорек 19:55 до 20:40  часот.

    Еден од пожарите синоќа можеше да се види од градот, а црн чад и загаден воздух повторно го обвитка Куманово.