×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Девет пожари за 12 часа, изгоре кров на викендица во Агино Село

    06.09.2024 11:20 | Оливера Пешевска

    Кумановските пожарникари интервенирале непрекинато 12 часа, на девет локации на територијата на Куманово и Липково во текот на вчерашниот ден.

    Девет пожари за 12 часа, изгоре кров на викендица во Агино Село

    „Викавме и колеги кои имаа слободен ден или денови од одмор. Сериски не повикуваа од едно на друго место, последната екипа е вратена во станицата кратко по 23 часот. Не можеме да здивнеме, пола држава ни изгоре, а секогаш е човечки фактор во прашање. Мора да се заостри казнената политика за сторилтелите кои ќе се откријат“, истакна командирот Деан Илиевски, од Територијалната противпожарна единица Куманово.

    По 35-годишно искуство командирот е уверен дека се работи за потпалувања, а не самозапалување од високи температури или отпушок од цигари. 

    Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во атарот на селото Пчиња горела сува трева. Интервенирале тројца пожарникари во период од 11:10 до 13:15 часот. Нешто подоцна повторно имало пријава за запалена сува трева во Пчиња.

    Кај месноста Циглана – Ново Куманово, исто така горела сува трева. Интервенирале двајца пожарникари од 11:35 до 12:30 часот.

    И во Агино село горела сува трева. Во период од 12:35 до 14:40 часот интервенирале двајца пожарникари.

    На улицата „11 Октомври“, во близина на судската зграда гореле три контејнери со ѓубре. Интервенирале двајца пожарникари во период од 14:00 до 14:25 часот.

    Во липковско Ваксинце исто така горела сува трева. Интервенирале тројца пожарникари во период од 14:04 до 14:45 часот.

    Кров од викендица и сува трева страдале во друг пожар во атарот на Агино Село. Тројца пожарникари го гаснеле онот во период од 14:40 до 17:20 часот.

    Сува трева горела и во село Черкезе. Таму интервенирале двајца пожарникари во период од 15:50 до 16:50 часот.

    Во атарот на селото Романовце горела сува трева. Интервенирале четворица пожарникари во период од 17:50 до 22:40 часот.