Дојава за бомби во неколку основни училишта во Куманово
28.10.2025 21:22
| KumanovoNews
Во неколку основни училишта во Куманово попладнево имало дојава за поставени бомби.
„Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се проверки од страна на полициски службеници“, соопшти МВР.








