Две лица хоспитализирани по пожар во куќа во Матејче
30.05.2026 19:46
| KumanovoNews
Две лица завршиле во болница по пожар што избувнал во куќа во селото Матејче.
Според информациите од СВР Куманово, на вчера во 13:30 часот било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на М.С. во селото Матејче.
Пожарот бил изгаснат од соседите пред пристигнувањето на надлежните служби. Поради вдишување чад, А.С. (49) и Н.С. (20) биле пренесени во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово.