Експлозија на плинска боца предизвика пожар во стан на „Моша Пијаде“, има повредени (видео)
18.01.2024 14:00
| Оливера Пешевска
Експлозија на плинска боца предизвика пожар во стан на приземје на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово.
Од очевидеци дознаваме дека во експлозијата едно лице е повредено и пренесено во Брза помош, а на уште една жена и се пружа помош на лице место. Од експлозијата е оштетено е eдно возило и скршени се прозорците на околните станови.
На терен се екипи на противпожарната единица, брза помош и полицијата.
