×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Есенско пазарче утре во Ново Село

    26.10.2024 11:57 | Сузана Николиќ

    Во кумановско Ново Село утре ќе одржи втората по ред манифестација „Есенско пазарче“, во организација на здружението „Ума Сто“ од Умин Дол.

    Есенско пазарче утре во Ново Село

    На базарот ќе се претстават локални прозводители со свежи производи, домашни туршии, ајвари, сокови, слатка, мармалади, сувомесни производи, мед, домашни јадења, рачно изработени тестенини, готвени јадења, а ќе се служи и свадбарска зелка.

    „Оваа година ќе имаме многу поголем вклученост на локалното население, кое ќе излезе со разновидна  и побогата понуда за посетителите. Во однос на лани ќе имаме кратка културно-уметничка програма, велосипеди за изнајмување за да се разгледаат знаменитостите на Ново Село и Умин Дол, фото катче и др.  Ги повикуваме граѓаните да дојдат, да не посетат и заедно да уживаме во локалните вкусови, и да создаваме убави спомени“, вели Роза Трајковиќ, претседателка на здружението „Ума Сто“. 

    Манифестацијата започнува во 10 часот.

    Есенсктот пазарче првпат се одржа минатата година и предизвика интерес кај граѓаните. На посетителите им беше послужена варена зелка-подварок и посна сарма, со домашно месено лепче, греана ракија и туршија, кои ги подготвија домаќинките од двете села.