„Флекс кредит“ ги награди најдобрите: повеќе од 30 ваучери за патување како признание за посветеноста и постигнатите резултати
Вреднувањето на трудот, мотивацијата и создавањето позитивна работна средина остануваат во центарот на деловната филозофија на финансиското друштво „Флекс кредит“.
Компанијата, која брои над 450 вработени, официјално додели повеќе од 30 ваучери за патување за своите најдобри колеги кои остварија исклучителни резултати во изминатиот период.
Наградите им беа врачени на вработени од различни сектори – од тимовите во филијалите ширум државата, преку кредитниот оддел, па сè до
административната поддршка. Овие ваучери за патување претставуваат конкретно признание за нивната секојдневна посветеност, професионализам и неуморна работа која директно придонесува кон стабилноста и растот на целиот систем.
Наградувањето на најдобрите е само еден сегмент од пошироката практика на „Флекс кредит“ за континуирано вложување во луѓето, нивно мотивирање и градење корпоративна култура во која секој придонес се препознава и соодветно се вреднува.
„Нашиот најголем капитал не се бројките, туку луѓето. Со повеќе од 450 професионалци во нашиот тим, горди сме што имаме колеги чија посветеност ги поместува границите. Овие 30+ награди се наш начин да им кажеме „благодарам“ за нивниот труд и да ги инспирираме за сите нови деловни успеси што нè чекаат,“ истакнуваат од менаџментот на „Флекс кредит“.
Со оваа иницијатива, Flex Credit уште еднаш ја потврдува својата позиција како еден од најпосакуваните работодавачи во финансискиот сектор, каде успехот секогаш се споделува со тимот.
(ПР текст)