×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѓорѓиевска: Создаваме услови во Куманово секој да биде слушнат, поддржан и вклучен

    30.09.2025 16:37 | KumanovoNews

    Носителката на советничката листа на Движењето ЗНАМ - за наша Македонија за Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска ги претстави приоритетите за идниот мандат од програмата што Движењето ЗНАМ - за наша Македонија за заштита, солидарност, еднаквост и социјална инклузија. 

    Ѓорѓиевска: Создаваме услови во Куманово секој да биде слушнат, поддржан и вклучен

    Куманово отсекогаш било град на различности, град каде што луѓето се почитуваат,поддржуваат и градат заедничка иднина. Визија на ЗНАМ беше и е токму таква, општина - промотор на солидарност, еднаквост и социјална инклузија, рече во своето обрааќање  Ѓорѓиевска, потенцирајќи дека на средби со невладините Инклузива и Центар за жртви за семејно насилство - се градат решенијата што ќе бидат приоритет во оваа област и се потврдуваат засложбите за инклузивна општина. 

    “Ние се залагаме за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, како и за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Заедно со градоначалникот Максим Димитриевски работиме на инклузија за сите лица и даваме финансиска поддршка на здруженија од овој тип. Општината спроведе и спроведува низа локални активности и мерки за подобрување на општата состојба на граѓаните и тоа: бесплатен јавен превоз за сите граѓани на сите линии, народна кујна, субвенционирање на трошоци за комунални услуги,
    обезбедување на помош за домување на станбено необезбедени лица, еднократна финансиска помош за социјално најзагрозените, обезбедување на социјални услуги преку програмата “општинско корисна работа“, социјална инклузија на децата - Роми во детските градинки, набавка на специјално возило за лица со попреченост“,  нагласи Ѓорѓиевска.

     
    Таа додаде дека, инклузивноста е срцевината на едно праведно и хумано општество. Секој граѓанин, без разлика на возраста, полот, етничката припадност или способности, има право на еднаква шанса да учествува во заедницата, а обврска на Општината е да создаде услови во кои сите ќе бидат слушнати , поддржани и вклучени.