×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Годишното собрание на пензионерите да биде отворено за јавностa, бараат дел од членовите (видео)

    20.12.2024 13:26 | Оливера Пешевска

    Членови на Здружението на пензионери во Куманово, бараат Годишното собрание закажано за 24 декември да биде отворено за јавноста. 

    Тие предлагаат наместо во просториите на здружението седницата да се одржи во големата сала во зградата на Комитет, за да присуствуваат сите заинтересирани членови.  

    „Поради нетранспарентност во работењето на раководството на Здружение на пензионери Куманово (ЗПК), имаме сознание за закажана годишна седница на Собранието на ЗПК, која треба да се одржи на 24 декември. Очекуваме на истата седница да се стави на дневен ред барањето поднесено од поголема група на пензионери, со потписи и предадено преку архива, под реден број 03-34 од 29 април 2024 година, со образложение во 10 точки“, истакна Мирослав Цветковски, претседател на иницијативниот одбор.
    етковски.

    Тие упатуваат јавен апел до раковоството затоа што поселдната седницата на собранието се одржала зад затворени врати, е не било дозволено присуство на членови кои не се делегати на месни заедници или претседатели на ограноци, што е спротивно на член А1 од статутот на здружението, во кое се вели дека работата на здружението е јавна и транспарентна.  

    „Оваа информирање воедно е и покана за широкото членство да дојдат и директно да ја следат оваа седница на која очекуваме разрешување на многу отворени прашања и сомнежи за регуларноста и законитоста во работењето на дел од актуелното раководство и носење решенија со кои ова најмасовно граѓанско здружение ќе се врати на патот за кој е основано“, потенцираше Цветковски.

     Дел од членовите имаат замерка и на начинот на кој се избрани делегати и претседатели на ограноци, кои би требало да ги застапуваат нивните идеи и барања, и би работеле на зачувување и унапредување на нивните права. Само како илустрација Сабит Мурати од Черкези рече дека не е одобрено барањето за формирање на огранок во селото од каде има 256 членови на здружението, туку нив ги застапува претставник од Железничка станица, каде живеат 60-тина членови.  

     

    Годишното собрание на пензионерите да биде отворено за јавностa, бараат дел од членовите (видео)