Големи пожари во Облавце, Белаковце, Стрезовце и Ругинце, евакуирани жители на десетина куќи
Големи пожари беснеат на територијата на селата Облавце, Белаковце и Стрезовце. Синоќа имало опасност огнот да зафати 10-тини куќи, поради што биле евакуирани жителите.

„Во 21:42 часот добивме известување дека во селата Облавце, Бељаковце и Стрезовце има опасност пожарот да зафати 10-тини куќи, поради што полициски службеници заедно со пожарникарите почна да ги евакуират луѓето од куќите“, велат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
Пожар вчера од 17:16 до 18:30 часот имало и во Бедиње, поточно кај бензинска пумпа Алија Комерц, на Никола Тесла од 21:18 до 21:58 часот, во Тромеѓа од 21:25 до 22:30 часот, во Табановце од 12:55 до 19:55 часот, во кривопланечкото село Нерав од 14:18 часот и уште е активен. Утринава во 03:30 часот изгорела бандера на ЕВН во Доброшане.
Пожарот во с.Ругинце општина Старо Нагоричане кој избувна вчера во 12:46 часот уште е активен, екипи од ТППЕ Старо Нагоричане и Куманово се на терен.