Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а дизелот поскапува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,7 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 70,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,029 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,737 денари.