Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За денеска во 13 часот во Градскиот парк во Кочани е закажан граѓански протест, а апелот кружи на социјалните мрежи.
Протестот е израз на длабока болка и револт за загубените животи, но и за состојбата во која се наоѓа општеството.
„Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го смениме овој неефикасен систем кој не обезбедува сигурност, благосостојба и праведност. Граѓаните бараат конкретни промени, без партиски вработувања, институции кои функционираат, полиција која е тука за граѓените, инспекциски служби кои ќе ги вршат своите обврски, а јавниот простори ќе бидат безбедни и чисти. Протестот е за правдата, за секој од нас, за секоја жртва која што ја изгубивме и за сите нас кои го живееме овој град секој ден“, стои во повикот до граѓаните на Кочани.
Оние кои повикуваат на протест сметаат дека е потребно да се преиспита регуларноста на сите угостителски објекти, особено пицериите кои ги прошириле и легализирале своите тераси на нелегален начин. На кафулињата кои ги прошириле своите објекти низ целиот трговски простор и колите паркирани по тротоарите, кои ја блокираат пешачката патека, а создаваат опасности за минувачите. Не смее да се заборави ниту дека не се почитува забраната за фрлање отпад од другите општини на депонијата, каде што со полициска придружба е дозволено да се фрла отпад.