×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложбата „Рекомпониран ритам“ во Уметничката галерија во Куманово

    06.06.2024 12:41 | KumanovoNews

    Во уметничката галерија во Куманово утре ќе биде отворена изложбата „Рекомпониран ритам“ на академските уметнички Марина Цветановска Мартиновска од Куманово  и Марија Мицова Гацова од Кочани. 

     

    Изложбата „Рекомпониран ритам“ во Уметничката галерија во Куманово

    Станува збор за заеднички проект кој го сочинуваат четири ѕидни инасталации: (Не)прекинат (де)кодиран бит, Не(ис)прекинат ритам, Мемориски (кон)текст и Мемориско мапирање- повеќе цртежи во комбинирани техники на хартија и различни материјали: дрво, јаглен, конец, текситилни траки, делови од старина и друго.

    „Изложбата тематски отвора дискурси за генезата, припадноста, дилемата дали човекот се раѓа со вродени, наследни предиспозиции или пак не, генетскиот код, личниот и колективен (национален) идентитет, кои впрочем теми се длабоко инкорпорирани во нивните претходни ликовни творештва, па сè до денес“, стои во обраќањето до јавноста.

    Изложбата ќе биде отворена до 17 јуни оваа година.