×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЈП „Куманово план“ единствено без долгови ја почна годината

    28.04.2025 08:52 | Оливера Пешевска

    Јавното претпријатие „Куманово план“ ја заврши 2024 година со целосно подмирени обврски кон сите добавувачи и институции.

    ЈП „Куманово план“ единствено без долгови ја почна годината

    Како што информира директорката Анета Шандева Доневска, претпријатието ја почнува новата година без долгови, со финансиска стабилност и во позитивна состојба.

    „Сите долгови се подмирени, вклучувајќи го и долгот кон ЈП Водовод од 2019 година, во износ од 349.280 денари. Не сме можеле да наплатиме завршени работи затоа што средствата од Општинскиот буџет – во износ од 10 милиони денари – беа целосно потрошени во декември. Но, 2025 ја започнуваме комплетно чисти,“ изјави Шандева.

    Во изминатата година, од „Куманово план“ биле изработени 29 елаборати за детски катчиња, урбана опрема, подземни контејнери и комунален отпад. Покрај тоа, биле проектирани и бројни улици – дел за реконструкција, дел за нова изградба.

    „Во моментов претпријатието нема обврски кон УЈП, кон добавувачи, а платите, регресот за годишен одмор и паушалите за членовите на управниот и надзорниот одбор се целосно исплатени, дури и за јануари 2025 година,“ додава директорката.

    Според финансискиот извештај, трошоците на претпријатието во 2024 година се зголемени за 920.000 денари во споредба со претходната година, достигнувајќи вкупна сума од 3,62 милиони денари. Од друга страна, приходите се намалени – од над 3 милиони денари во 2023 година, на под 2,4 милиони денари во 2024 година, што резултира со негативно салдо од околу 630.000 денари.

    Директорката укажува дека зголемувањето на трошоците не е резултат на зголемени плати, туку на законски усогласувања и проширување на тимот.

    „Имаме зголемен број на вработени кои добиле лиценца – што автоматски бара повисока плата. Се вратија и двајца работници, едната од породилно, другиот од неплатено отсуство. Лани беше вработен само еден архитект. Сите трошоци се реални и законски оправдани“, рече таа.

    Во текот на годината, од страна на Општината, за изработката на дел Генерален урбанистички план (ГУП) на претпријатието му се исплатени 960.597 денари.

    „Имаме стручен и стабилен кадар, со плати кои со мали законски зголемувања остануваат на исто ниво од формирањето. Горда сум што претпријатието покажува стабилност и квалитет,“ вели Шандева Доневска.

    На крајот од 2024 година, како награда за добивката, на сите вработени – освен на директорката – им е исплатен линеарен бонус, покрај редовната плата и регрес.