×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коњанички марш во чест на Илинден во Куманово

    30.07.2025 12:07 | KumanovoNews

    Во чест на големиот празник Илинден, здружението „Коњаница“, за првпат ќе организира коњанички марш низ повеќе населби во Куманово. 

    Коњанички марш во чест на Илинден во Куманово

    Маршот ќе трае три дена, од 31 јули до 2 август, во духот на македонската традиција. 

    „Маршот ќе започне утре /31 јули/ во 17:00 часот од црквата „Св. Димитриј“ во населбата Тромеѓа. Коњаницата ќе тргне кон населбата Карпош, и околу 18:00 часот ќе пристигне на почетокот на улицата 120. Потоа ќе продолжи кон Ајдучка Чешма, каде што е предвидено кратко запирање околу 19:00 часот. Во 19:30 коњаниците ќе бидат кај амбулантата во населбата Перо Чичо, по што ќе се движи кон  м.в. Магаза, а завршница на првиот ден е предвидена во 20:30 часот кај училиштето во населбата Иго Тричковиќ“, велат организаторите.

    Вториот ден, на 1 август, маршот повторно ќе започне од Тромеѓа, во 18:00 часот, но овојпат кон населбата Доброшане. Таму коњаницата ќе пристигне околу 19:00 часот и по кусо задржување ќе продолжи кон селото Орашац, каде што во 20:00 часот ќе пристигне кај црквата „Св. Илија“.

    „На самиот празник, 2 Август, коњаниците ќе маршираат низ улиците на градот. Стартот е во 18:00 часот од Тромеѓа, а завршницата е планирана до 20:00 часот пред Спортската сала во Куманово“, се додава во соопштението.

    Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да го одбележат празникот во духот на илинденската традиција.

    (Фото: Gostivarpress.mk)