×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kонтролa на аероклубовите, кои се оператори на спортските аеродроми, најави министерот Николовски

    19.08.2025 21:14 | KumanovoNews

    Во рок од најмалку две недели државните институции ќе извршат проверка на петте аероклубови, кои стопанисуваат со спортските аеродроми во Куманово, Скопје, Битола,  Прилеп и Штип, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на денешната прес-конференција.

     

    Kонтролa на аероклубовите, кои се оператори на спортските аеродроми, најави министерот Николовски

    На седница на Влада усвоен е заклучок, со цел да се провери целокупното работење на правните лица, кои се носители на уверенија за оператори на спортски аеродроми, овластени од Агенцијата за цивилно воздухоплоство.

    „Беше побарано да се провери правниот статус, на правните лица и начинот на нивно трансформирање. Затоа што се работи за Акционерски друштва, имотот со кој располагаат и правниот статус на имотот, односно начинот на стекнување, дали е наследен, стекнат, легализиран, нелегализиран. Се работи за аероклубот Скопје, којшто стопанисува со аеродромот Стенковец во Општина Чучер-Сандево во Скопје, аероклубот „Доне Божинов“ којшто стопанисува со аеродромот во Куманово, аероклубот „Мирко Тодоровски“ од Битола, којшто стопанисува со спортскиот аеродром во Битола, аероклубот Прилеп, којшто стопанусува со спортскиот аеродром во Прилеп и аероклубот Штип, којшто стопанисува со стопанисува со спортскиот аеродром во Штип“, вели Николоски.

     Тој додаде дека треба да се провери дали аероклубовите ја задржале основната дејност или станале организатори на свадби, концерти, тим билдинзи и останати настани, како на аеродромот Стенковец или собир на моторџии на аеродромот во Куманово, или како во Битола каде пистата била приватизирана.