Мени

Кратовец бил во врска со малолетничка, осомничен дека извршил обљуба

08.12.2023 15:39 | KumanovoNews

Вчера во 16.45 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 23-годишен жител на Кратово.

Кратовец бил во врска со малолетничка, осомничен дека извршил обљуба

 „Тој се сомничи дека дека упатил закани кон малолетничка, од Куманово со која претходно бил во љубовна врска, и дека извршил полови дејствија врз неа“, соопшти Кумановската полиција.

Пријавениот бил приведен во полициска станица во Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.