Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на Куманово од синоќа палат свеќи на Градскиот плоштад, се простуваат од починатите во пожарот во дискотеката во Кочани и од нашиот сограѓанин, музичарот Филип Стевановски.
Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, од 24 јануари и директор на Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Тој беше и уметнички директор на Џез фестивалот во Куманово.
За денеска напладне е најавен собир на младите на градскиот плоштад, поради пожарот во дискотеката во Кочани. Апелот за собир на граѓани се споделува на социјалните мрежи.
„Да излеземе на кумановскиот плоштад „Маршал Тито“, да оддадеме почит за загубените живот и сочувство до семејствата и познаници. Во 12 часот да излеземе и да ги испратиме сите загубени животи“, се вели во објавата.
Во големиот пожар загинаа 59 лица, а 155 се повредени.