Кумановец осомничен дека во неговата куќа под закана држел и обљубил 34-годишна жена
        05.07.2024 13:15
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Кумановската полиција ноќеска привела 47-годишен кумановец, под сомнение дека извршил обљуба.
                  „Тој се сомничи дека со закана држел 34-годишна жена во неговата куќа и извршил обљуба врз неа. Приведен е во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



