×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Куманово - гас“ лани направило загуба над 90.000 евра

    25.04.2025 08:48 | Оливера Пешевска

    ЈП „Куманово - гас“ ја заврши 2024 година со загуба од 5.7 милиони денари или 92.600 евра, покажува годишниот финансиски извештај. 

    „Куманово - гас“ лани направило загуба над 90.000 евра

    Според надлежните најголем дел од загубата се должи на намалениот број на приклучоци, како и на зголемените трошоци за амортизација и минимална плата.

    Во последниот квартал од минатата година, претпријатието остварило загуба од 813.671 денари, за разлика од истиот период во 2023 година, кога работеле позитивно. Причина за ова, како што посочуваат од претпријатието, е падот на приходите од нови приклучоци, кои пред минатата година биле значително зголемени поради субвенциите од Владата и Општина Куманово.

    „Во 2023 година имавме 98 нови приклучоци. Реалната цена за приклучок тогаш изнесуваше 9.200 денари. Во 2024 година, откако субвенцијата од Владата беше укината, цената на приклучок се зголеми на 77.000 денари, од кои Општината покрива 25.000 денари. Ова значително влијаеше на интересот кај граѓаните“, вели Митровски.

    И покрај финансиските загуби, позитивен тренд се забележува кај количината на испорачан природен гас. Во 2024 година биле испорачани 6.036.442 киловат часови, што е за 43% повеќе во однос на 2023 година.

    „Ова покажува дека претпријатието се шири и ја зголемува својата дистрибуција. Приходите од надоместоците за дистрибуција и снабдување се зголемени. Потрошувачката е стабилна, а снабдувањето беше непрекинато во текот на целата година“, додава директорот.

    Меѓу најголемите потрошувачи се образовните институции, градинки, болници и други јавни установи. 

    Во тек е и изработка на проектна документација за нови приклучоци за седум јавни институции, меѓу кои се Полициската станица, Основниот суд, Центарот за социјални работи, Центар за вработување и две основни училишта во централното градско подрачје.

    „Ако реализацијата оди според планот, очекуваме во наредниот период претпријатието конечно да застане на нозе. Остануваме посветени на создавање на почиста животна средина и подобро снабдување за сите наши корисници“, завршува директорот.

    Извештајот е усвоен од Советот, а советникот Миле Андоновски нагласи дека само со заштеда на средствата на буџетските корисници ЈП „Куманово гас“ ја оправдало целта и намерата поради кое било формирано претпријатието. Истовремено апелираше до надлежните да се зголемат средствата наменети за изградба и развој на дистрибутивната мрежа во градот.